Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo убиство.

– При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко, соопшти ОЈО.

– Од повредите тие починале на лице место. По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената, соопшти ОЈО.