По неколкучасовна потрага, пронајдено е 12 годишното девојче од српски Нови Сад, Исидора Периќ за која денеска преку објави на социјалните мрежи беше соопштено дека исчезнала во ова популарно грчко летувалиште.

– Го пронајдовме девојчето во Полихроно. Благодарност до сите, напиша Марко Кузманов во објавата на групата Амбер Алерт Србија.

Претходно беше објавено дека денеска околу 17:00 часот во местото Полихроно исчезнало девојчето Исидора Периќ од Нови Сад.

Објавите на социјалните мрежи за среќа помогнаа да се најде ова девојче и воедно родителите да ја примат пораката повеќе да внимаваат на своите деца, бидејќи потребно е многу малку за децата да се оттргнат од погледот на возрасните.