Четири млади лица на возраст од 20 до 25 години (две момчиња и две девојки) утрово трагично загинаа кај грчкиот град Ксанти кога автомобилот со кој се превезувале директно се судрил со автобус кој превезувал работници.

Како што јавуваат грчките медиуми, возилото се движело од Ксанти кон Кавала, по провинцискиот пат Ксанти-Токсотес. Единствениот преживеан, сопатникот, е тешко повреден и се наоѓа на лекување во болница.

– Во автобусот се наоѓале неколку вработени во локален бизнис, кој исто така излетал од патот, а има најмалку шест лица се повредени. Судирот го подели автомобилот на настраданите на половина и го претвори во безоблична маса, која се влечеше по патот повеќе од 150 метри, објавија медиумите.

Противпожарната служба веднаш излегла на местото на настанот за да ги извлече четворицата загинати, додека сите повредени се префрлени во болницата во Ксанти.

Како се случила несреќата

Сообраќајната несреќа со четворицата загинати се случила утрово во 8 часот на стариот Национален автопат Ксанти-Кавала. Автомобил кој се движел кон Кавала директно се судрил со автобус кој се движел во спротивна насока, при што трагично загинале 4 од 5-те патници во автомобилот, двајца мажи и две жени, сите на возраст од 20-25 години.

Според информациите, возилото со голема брзина преминало во спротивен правец и го „закачило“ автобусот, при што автомобилот бил уништен. а четирите млади лица веднаш загинале. Сопатникот го преживеал сударот, тешко е повреден и се наоѓа на лекување во болницата Ксанти.

– Девојките биле студентки во Комотини, по потекло од Халкида. Информациите наведуваат дека групата по вечерна забава се упатила кон Нестос на капење, објавуваат медиумите.