Фудбалерите на Србија и Англија во моментов го играат натпреварот од првото коло од групната фаза на Европското првенство.
Овој натпревар не започна најдобро за „орлите“, бидејќи Предраг Рајковиќ веќе во 12. минута мораше да ја вади топката од мрежата!
Вокер убаво го проигра Сака по десната страна, тој убаво нафрли и Белингем натрча и го матираше Рајковиќ со глава.
Неколку минути подоцна, играчот на Реал Мадрид изведе срамен потег, кога подмолно и провокативно го удри српскиот репрезентативец Филип Костиќ.
Впечатокот е дека доколку Костиќ паднеше по ударот, Белингем многу лесно можеше да добие и црвен картон доколку судијата прегледуваше ВАР.
Filip Kostić × Jude Bellingham! 😡🔥pic.twitter.com/QnIRjL9w6u
— Max Statman (@emaxstatman) June 16, 2024