На 35-годишна возраст почина Џоди Девос, една од најдобрите оперски пејачки во светот со меѓународно реноме. Причината за смртта, како што се наведува, е рак на дојка.

Таа пред десет години го освои второто место на натпреварот на кралицата Елизабета.

„Со голема тага и емоции ја објавуваме смртта на Џоди Девос. Џоди храбро се бореше со ракот неколку месеци. Таа се врати на сцената во театарот Шанзелизе на 30 април со голема решителност, но нејзиното здравје наеднаш се влоши. Ова вест е толку нереална и неправедна, е длабоко шокантна за сите нас , целата музичка заедница и, се разбира и за јавноста “, стои во соопштението за јавност по повод смртта на Девос.