Познатата пејачка Милица Павловиќ во саботата одржа концерт во Нови Сад, во арената „Спенс“.

Еден стајлинг особено го привлече вниманието на јавноста, па за него се зборува и на Твитер и Инстаграм.

Синиот фустан на Милица имаше големи шлицови, па во неколку наврати се чинеше како да покажува премногу.

Меѓутоа, таа вели дека вистината е поинаква. Павловиќ во описот на една објава за споменатата ситуациај вели:

-Фустанот кој предизвика тотална врева на социјалните мрежи… Секако дека под фустанот имав боди во боја на кожа, кое уште при изработката го нарековме „оптичка илузија“ – напишала Милица.