Многу реакции предизвика видеото од она што се случило во кафуле на југот на Сиетл (САД), кога клиентот го фрлил кафето што го купил кон вработената во објектот, а таа реагира така што ја искрши шофершајбната на неговиот автомобил со чекан.

Главниот лик на видеото е 23-годишната Ема Ли, која на Инстаграм го објави соодветното видео од безбедносната камера . На видеото може да се види како муштеријата се кара за цената на кафето (платил 22 долари) пред конечно да го фрли кон 23-годишната. Потоа се гледа како Ли удира со чекан во шофершајбната.

23-годишната девојка тврди дека реагирала на овој начин „затоа што се чувствувала во опасност“, бидејќи, како што тврди, мажот и се заканувал велејќи „никому нема да му недостигаш“.

„Пред оваа закана тој врескаше, ме плукна и се обиде да го отвори прозорецот“, изјави 23-годишната девојка за ФОКС 13.

23-годишнata поднесе тужба против мажот, кој, сепак, не се исклучува да тужи за оштетување на ветробранското стакло на неговиот
автомобил.

View this post on Instagram

A post shared by 𝐄𝐌𝐌𝐀 𝐋𝐄𝐄. (@emmxxss)