Синоќа во местото Дол на популарниот хрватски остров Хвар на Јадранското море настанала масовна тепачка при што едно лице е тешко повредено, државјанин на Босна и Херцеговина.
Сплитско-далматинската полиција добила пријави за вербална и физичка пресметка, која се случила во 19 часот и 50 минути. Како што се наведува, дошло до конфликт меѓу неколку лица, при што е повреден 55-годишен маж од Босна и Херцеговина.
По конфликтот итно со хеликоптер бил префрлен во Сплит. Таму му биле констатирани тешки физички повреди и е задржан на понатамошно лекување.
Три лица кои се поврзани со овој настан синоќа биле веднаш приведени, односно приведени во полициска станица за да биде спроведена кривична истрага против нив.
Со оглед на тоа дека истрагата е во тек, се уште не се познати околностите за избивањето на конфликтот.