Жена била жртва на напад на морска желка додека била во вода, во Лимени, Лаконија. Животното ја каснало од зад грб, поради што испаничила и почнал да вика помош.

Сепак, Ирини Визирџанакис имала среќа, бидејќи тројца мажи го слушнале нејзиниот врисок на брегот и веднаш побрзале да ја ослободат од устата на желката, која ја влечела кон дното.

Знак ги известува капачите на оваа плажа за постоењето на морксите желки, но повеќето луѓе сепак го игнорираат. Обласниот здравствен центар беше информиран дека од 2019 година имало повеќе од 200 инциденти на напади.

Пливање на мала оддалеченост од брегот и внимателност од капачите се главниот совет на познавачите за да се избегнат слични инциденти.