Александра Тепљакова (39) од рускиот град Јарослав почина ден по роденденот додека беше на одмор во Турција! Ден пред враќањето за Русија, мајката на две деца починала во хотелска соба, а телото го пронашол нејзиниот петгодишен син.

Александра работеше напорно во банка. Таа стануваше во пет наутро и работеше до доцна во ноќта. Имала петгодишен син и шеснаесетгодишна ќерка. Таа не беше официјално мажена, но живееше со таткото на нејзините деца. Неодамна купиле стан на кредит и почнале да го уредуваат.

– Работеше од утро до вечер. Таа правела поправки во станот за време на викендите. Секојдневно се оптоваруваше – воздивнува Ана Алексејева сеќавајќи се на починатата пријателка.

Александра со нетрпение ја очекуваше можноста да се опушти. Таа добила одмор во мај, кој паднал на нејзиниот роденден, а решила да го помине во Аланија (Турција). Нејзиниот невенчан сопруг и ќерка не можеле да одат, па патувала само со синот.

Ана наведува дека судбината ја предупредила Александра да не оди.

Непосредно пред поаѓањето, на Александра и се слошило на аеродромот во Москва поради нагло опаѓање на шеќерот во крвта, поради што на кратко завршила во болница и го пропуштила летот. Запрепастената жена потоа во солзи ја повикала својата пријателка Ана, која се обидела да ја одврати од патување. Меѓутоа, таа не сакала да се откаже бидејќи на синот му ветила одмор, купила билети за нов лет, ноќта ја поминала во хотел и следниот ден со синот полетала за Турција.

– Цело време беше нервозна и загрижена дали ќе ги дочекаат и дали нешто ќе биде изгубено. Се беше во ред на крајот. Таа постојано се фотографираше и снимаше видеа. Роденденот и беше на 24 мај, сепак, не ја добив, нешто не беше во ред со интернетот во тој хотел – вели Ана.

Ден пред поаѓање, 25 мај, Александра и нејзиниот син легнале да дремнат после капење. По некое време момчето се разбудило и почнало да ја буди мајка си, но таа не се помрднувала.

– Ја напушти собата со трчање. Нашол возрасни и рекол дека не може да ја разбуди мајка му – вели Ана.

Персоналот на хотелот се посомневал дека нешто не е во ред. Почнале да тропаат на вратата, а кога сфатиле дека никој нема да ја отвори, решиле да упаднат и го откриле ужасот во собата.

– Персоналот ја отворил вратата околу 21 часот и утврди дека таа е веќе мртва. Констатирана е смрт, а телото е однесено – вели Ана.

Момчето останало кај учителката која била во хотелот. Семејството дознало што се случило околу полноќ. Туроператорот веднаш му договорил билети на таткото на момчето на првиот утрински лет за да го врати детето дома.

Не му објасниле на момчето што се случило со неговата мајка. Мислел дека отишла далеку за да му донесе подарок. Ќерката не можела да поверува дека мајка и ја нема.

Телото на Александра беше пренесено во Русија една недела по трагедијата.

Таа беше погребана на 7 јуни во регионот Архангелск. Ана ја презеде организацијата на погребот бидејќи семејството немаше пари. Транспортот на телото беше покриен со осигурување вклучено во патниот пакет.

Од МНР соопштија дека Александара починала од природна смрт и дека се уште се чека официјалниот извештај од обдукцијата.