Николија Јовановиќ го привлече вниманието на медиумите како ќерка на фолк ѕвездата Весна Змијанац и многу брзо се избори за своето место под сонцето.
Меѓутоа, кога во 2011 година почна да го крои својот музички пат, младата пејачка изгледаше многу поразлично од денес, а ја красеше долга руса коса.
Набрзо ја замени со кафени нијанси, а сите овие години обожавателите можеа да ја видат во различни изданија. Со шишки или без нив, со кратка или долга коса, често сака да изненадува со необични модни комбинации.
Јовановиќ е доволно храбра да ги следи светските трендови, кои нејзината публика сака да ги гледа.
Но, и Николија отиде под нож за да ги поправи деловите од телото кои не ѝ се допаѓаат, па разликата е и тоа како евидентна.
Таа посетила пластичен хирург за да ѝ го зголеми деколтето, а на лицето ги дотерала носот и јаболчниците. Таа денес е задоволна од својот изглед, па е фокусирана на воспитувањето на ќерките и на музичката кариера.