Рускиот фудбалски клуб, Рубин Казин чиј член е албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку го осуди неговото однесување по мечот меѓу Албанија и Хрватска.
Мирлинд Даку поради националистички испад и навреди кон Македонците се најде во центарот на вниманието.
Осуда за неговото однесување стигнува од сите страни, се огласи и Рубин Казан каде што настапува тој.
„Нашиот клуб не поддржува никакви навреди или напади. Жалиме за однесувањето, но фудбалерот е на должност со својата репрезентација и санкциите во овој момент се во рацете на УЕФА“, објави Фудбалскиот клуб Рубин.
УЕФА отвори истрага против Даку, се очекува санкција за фудбалерот.