Марија Шерифовиќ и нејзината колешка Јована Пајиќ гостуваа во „Ami G Show“ каде меѓу другото зборуваа и за пишувањата дека се во врска.
Имено, овие гласини почнаа да се шират бидејќи тие две поминуваат многу време заедно. Јована претходно беше во брак со Александар Цветковиќ Сале од Тропико Бенд.

„Бидејќи и ти и Јована конечно сте овде заедно, значи ексклузивно, за сите да бидат среќни и задоволни, дали вие две сте во врска?“, ги праша водителката Тијана Стоисављевиќ Милутиновиќ, на што Марија рече:

„Под претпоставка дека тоа навистина е така, дали навистина мислите дека би ви го кажала тоа?! Ајде луѓе, итно да се престане ова. Нема да има веќе кој на слава да ми дојде. Ве молам, ниту на слава, на Божиќ, на роденден. Ве молам, запрете го тоа! Зошто за тоа не се пишуваше изминатите 15 години, туку сега кога жената е разведена, па можеш да правиш што сакаш со неа?!“, изјавила марија.

На крајот повторно порача дека со тоа треба итно да се престане. Тогаш во разговорот се вклучи и Јована.

„Морам да признаам дека нас ни е генијална зае*анцијата на таа тема. Толку многу се шегуваме, па дури и малку флертуваме, замислуваме што би било кога би било. Забавно е, а гледам дека и народот се забавува“, рече таа.