Татјана Јевтиќ од Србија на познатата Фејсбук група „Грчка инфо“ вечерва сподели едно искуство откако нивниот автомобил се расипал при враќање од Грција, на околу 40 километри од граничниот премин Евзони.

– Денеска на враќање од Грција на околу 40 км пред Евзони ни се расипа автомобилот. АМСС осигурувањето кое со години го обновуваме денеска за прв пат се активираше и по речиси 4 часа не ни испратија шлеп поради гужвата. За сето тоа време поминаа многу наши луѓе, освен прекрасниот дечко од Аранѓеловац кој се понуди да помогне, никој не застана да види што се случува, раскажува Јевтиќ и продолжува:

– Стоевме на патот со две мали деца на сонце и на крајот се откажавме и се јавивме во влечната служба на CITY AUTO Гевгелија. Човекот дојде за помалку од еден час, не однесе кај механичар во Гевгелија, автомобилот беше поправен за еден час. Прекрасни луѓе, било каква препорака ако ви треба шлеп служба!!! Ви благодарам, момци. Vlecna Slep Sluzba CITY AUTO Gevgelija Mite Jovanov, заврши Јевтиќ.