Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).
Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем’.
Струја нема во Будва, Бар, Рисно, Подгорица. „Побједа“ јавува дека избувнал пожар на еден од далноводите. Нема струја, наведува и Зета.
Не се знае кога проблемот би можел да се реши.
Во исто време, како што пренесуваат хрватските медиуми, речиси цела Далмација е без струја.
Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштел, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, бројни острови…
Без напојување со електрична енергија денеска остана цела Босна и Херцеговина.
Ова за локални медиуми го потврди Елекропренос БиХ.
Како што велат, во Сараево застанале трамваите, а семафорите не работат. Без струја се и многу други градови – Тузла, Брчко, Бањалука, Бјелина, Мостар, Зеница…
Засега не е позната причината за прекинот на електричната енергија во БиХ.
Според некои медиуми, Албанија исто така нема напојување.