Во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.

Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите.

Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.).

Штетите ќе се проценуваат дополнително. Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.

ЦУК: На 112 има повеќе од 200 пријави на штети

Има пријави и за штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на општина Желино.