Во 68. минута се случи непријатна сцена во казнениот простор на Шкотска, при што најдебелиот крај го извлече Барнабас Варга.

Голманот на Шкотска се обиде да интервенира по една мешаница во казнениот простор, при што Варга падна немоќно на тревникот, а потоа неговите соиграчи формираа „ѕид“ околу него додека стадионот го скандираше неговото име со цел да му даде поддршка додека добиваше медицинска помош.

Варга на носилки беше изнесен од теренот, со аплаузи испратен од навивачите на двете селекции.

Сите фудбалери делуваат во шок, со надеж дека наскоро ќе добијат позитивни вести за состојбата на Варга, кој настапува за екипата на Ференцварош.