СВР Струмица информира дека вчера во Полициска станица, 36-годишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице за повеќе од 8.000 евра.

Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите.

Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22.06.2024 година лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.