Невидено невреме денеска зафати некои делови на Србија и предизвика огромни штети, јавуваат српските медиуми.

Силно невреме го зафати Прокупље, а покрај бурен дожд и силен ветер падна и град. Од удар на гром во трактор, едно лице на 32 годишна возраст загина, а во соседното село гром удрил во помошен објект и го запалил.

Пожарникарите се уште се на терен и го гаснат пожарот, кој се заканува да се прошири до куќата каде што биле пожарникарите.

Во самото Прокупље од силниот ветер искршени се многу дрвја, а едно паднало на покрив од паркиран автомобил. За среќа во тој момент немало никој во возилото.

View this post on Instagram

A post shared by SERBIA LIVE – BEOGRAD (@serbialive_beograd)

Силниот ветер кршеше дрвја и во Белград, на Мириево, кои паднаа врз автомобили.

Покрај материјална штета на објекти и возила, едно лице е повредено. Исто така, постои опасност дел од лимениот покрив од зграда на фирма да падне на улица, што може да ја загрози безбедноста на граѓаните.

Ништо подобро не поминаа ниту жителите на Нови Пазар.