Во страшна сообраќајна несреќа кај Бихаќ во Босна и Херцеговина загинале две сестри, неофицијално дознава порталот „Аваз“.

Со полесни повреди се здобило уште едно лице кое било во ова возило, а како што неофицијално дознаваат медиумите се работи за ќерка на една од жртвите.

Според неофицијални информации на „Аваз“, во нив со автомобил „ауди“ удрил Бенјамин Жериќ од местото Соколац кај Бихаќ.

Тие се движеле кон локацијата каде што ќе биде идниот бихаќки аеродром кај местото Голубиќ, кога Жериќ удрил во нивното возило. Како што дознаваме, тој бил алкотестиран за да се утврди дали е пијан.

– На патот Бихаќ-Голубиќ се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички моторни возила. Две патнички моторни возила останале на патот, додека третото слетало во каналот – изјави претходно за порталот „Аваза“ Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП УСК.

Дветњ лица кои загинале биле во возилото во каналот.

– Во моментов, покрај полицијата и итната помош, на лице место има и пожарникари, кои се обидуваат да ги извлечат жртвите, па деталите ќе ги знаеме откако тие ќе си го одработат своето – рече тој.

Несреќата се случила во 15 и 20 часот.