Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека е уапсено лице од селото Шупска кај Ќуприја, осомничено за производство и пуштање штетни производи на пазарот.
– Во Ќуприја е уапсен С.П. (48) од село Шупска кај Ќуприја, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело производство и пуштање во промет штетни производи – рече Дачиќ.
Како што истакна тој, триесетина деца на возраст од 4 до 17 години побарале лекарска помош поради симптоми на труење поради консумирање сладолед и ледени освежителни пијалоци на саемот (панаѓур) во Ќуприја, купени од нерегистрирани машини за сладолед и освежителни пијалоци во сопственост од страна на осомничениот.
– Лицето ќе биде предадено на обвинителството за понатамошна обработка – рече министерот Дачиќ.