Германците прават се за Европското првенство да се одвива во најдобар можен ред што се однесува до безбедноста, но сепак има начини на кои безбедноста може да се заобиколи.
Еден таков метод користел маскиран маж кој се качил на конструкцијата на покривот на стадионот во Дортмунд, каде се играл натпреварот меѓу Германија и Данска. Не се знае што правел горе, но откако полицијата го забележала почнала да интервенира.
Откако тој не одговорил на повиците да слезе, полицијата го извадила оружјњто додека го бркала околу зградата на стадионот, а на закана со оружје маскираниот маж ѝ се предал на полицијата, која му ја тргнала маската, му ставила лисици и го однеластаница.
Сè уште не е сосема јасно кога човекот се искачил на структурата – пред, за време или по натпреварот. Неколку медиуми пренесуваат поинаква верзија на таа приказна.