Силно невреме ја зафати Словенија нешто пред 14 часот. Град падна во делови од земјата и предизвика големи штети во некои области.
„Во Бич ги уништи сите посеви“, објави словенечкиот метеоролошки локалитет Неурје.
Невремето веќе зафати и делови од Хрватска, поради што во Загорје се вклучени градогенератори.
Опасно време се очекува утре на територија на Македонија.
Од Управа за хидрометеоролошки работи најавуваат невреме со дожд, грмотевици и силен ветер.
„Утре во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град“, велат од таму.