Девет лица загинаа, а најмалку четворица се повредени кога автомобил влета на пешачки премин во главниот град на Јужна Кореја, Сеул.
Автомобил влета во пешаци во близина на градското собрание во Сеул, при што загинаа девет лица, а најмалку четворица се повредени, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата и противпожарната служба.
Претставник на полицијата за Ројтерс изјави дека полицијата истражува на местото на настанот и одби да даде дополнителни информации.
Телевизијата YTN објави дека возилото удрило во пешаците кои чекале на пешачкиот премин, откако удрил во други два автомобили.