Младата Швеѓанка Нора Рикерт (18) од Стокхолм за шведскиот медиум Aftonbladet раскажала што се случило синоќа во сплитскиот клуб Central каде што туристите излегувале. Додека таа и нејзините пријатели се обидувале да влезат во клубот, стаклениот ѕид во еден момент се скршил и врз нив паднале големи парчиња стакло.
Нора пристигнала во Сплит со другарките на одмор, а синоќа решиле да излезат во клубот. Како што вели, слушнале за клубот Централ, па се упатиле таму, но ги пречекала толпа од луѓе, а ситуацијата постојано се влошувала.
– Луѓето се туркаа напред од сите страни и немаше обезбедување да се справи со тоа. Експлодираше. Сите врескаа, луѓето бегаа од редот, а јас добив стакло во лицето – рекла таа.
Таа додаде дека луѓето брзо дошле да помогнат.
– Добив 15 конци на лицето, вклучувајќи го челото, усните и брадата. Изгледа дека сум била на хокеј натпревар. Сигурно имало многу Швеѓани во редот и во болницата. Од луѓето што ги видов во болница, скоро сите беа Швеѓани. Многу жители на Стокхолм моментално се тука на одмор – рече таа.
Рекла и дека и покрај несреќата не се враќа дома. Инаку, од 24 лица кои побарале лекарска помош, двајца се во тешка состојба.