Жените ширум Босна и Херцеговина ги споделуваат своите приказни од породилното одделение. Мора да го прочитате ова:
„После години борба со стерилитетот, конечно успеавме во нашата намера да станеме родители. Бременоста помина одлично и едвај чекавме да почне породувањето. Решивме дека мојот сопруг ќе биде со мене за време на породувањето и се чинеше дека се‘ беше совршено. По приемот и почетокот на контракциите, почнав да се отворам, но породувањето не се одвиваше во очекуваниот правец“, вака го започнува своето искуство мајка која се породила во едно од најголемите породилишта во Босна и Херцеговина.
„Поминаа часови и часови и никој не зборуваше со мене и мојот сопруг, а после и ние самите не знаеме по колку време дојде докторката и рече дека сепак породувањето ќе биде со царски рез. Јас бев приклучена на инфузија, постојано имав контракции но ништо не се случуваше, чекавме и не знаевме што да правиме бидејќи никој не зборуваше со мене или со мојот сопруг.
После неколку саати пак дојде докторката и ми рече дека морам да направам царски рез, но дека ќе треба да почекам да се смени началникот на смената, и дека постарата докторка нема да ме носи на царски рез додека не ѝ платат 500 марки!“, продолжи со исповедта мајката.
Она што потоа се случило е моментот кога сопругот наместо да ѝ однесе плик со пари на докторката која одбила да направи царски рез (иако подоцна ќе се дознае дека животот и на мајката и на детето бил во опасност), буквално ја закачил на закачалката и ја оставил да „виси“ со капутите, момент на кој целото породилно одделение се сеќава, особено оние кои во тој момент биле на смена.
Со тој чин биле заборавени парите и почнало спасувањето на мајката и бебето, до ден денес тоа е траума и случај кој ниту една страна не го заборавил. Можеме ли да замислиме што ќе се случело ако сопругот не отидел на породувањето?
Целата приказна погледнете ја во видео-исповедта на мајката која храбро застана пред камерите и со својот пример покажа како се бори против неправдата иако во тој момент немала шанси да победи.