Вечерва околу 21 часот и 45 минути дошло до судир на товарен брод и чамец со три лица, во реката Сава. Едно лице е спасено, а по две се трага.
Лицето кое било во чамецот и испливало на брегот е В.М.(42) и изјавил дека на чамецот била неговата сопруга Ј.М.(43) и нивниот кум С.Р.(42). Како што објавуваат медиумите, Брзата помош го однела во болница В.М., откако единствено тој допливал до брегот.
Бродот имал кабина и по судирот извесно време лебдел, а потоа потонал.
За инцидентот известени се Увидот за безбедност на пловидбата и Капетанијата на пристаништата. Надлежните испловија со два чамци, а на местото на настанот пристигнува и нуркачка екипа на Жандармеријата.
Во тек е потрагата по водното подрачје и крајбрежјето.