Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер, го потресоа југозападниот дел на Грција, во близина на островот Закинтос.

Земјотресот бил почувствуван и на островот Лефкада, како и во околните градови Патра и Каламата.

Засега нема пријави за жртви или материјална штета.

Закинтос и Лефкада се острови каде секоја година летуваат многу македонски државјани.