Две малолетни момчиња силувале малолетна девојка од Битола со здравствени проблеми. Случајот во полиција го пријавила мајката на девојлето.

Од СВР Битола соопштија дека еден од малолетниците бил пронајден и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

По целосно расчистување и документирање на настанот како што велат од полицијата ќе биде поднесена соодветна пријава.