Автобус со работници на Индитекс се заглавил во сообраќајна несреќа денеска на влезот во тунелот во речиси вертикална положба кај Пинеда де Мар, 73 километри од Барселона, во која се повредени 45 лица, извести Брзата помош.
Автобусот со 47 патници патувал од Барселона до градот Тордера во североисточниот регион на Каталонија, каде сопственикот на модниот бренд Зара има фабрика. Несреќата, чија причина полицијата во моментов ја истражува, се случила во 8 часот и 45 минути.
На десетици повредени лица им била укажана помош во близина или биле префрлени во околните здравствени домови.
Тројца патници во критична состојба со хеликоптер се пренесени во болниците. Шефот на пожарникарството Жорди Марти за медиумите изјави дека извлекувањето на патниците било тешко бидејќи автобусот останал заглавен во речиси вертикална положба потпрен на влезот на тунелот. Возачот последен бил извлечен.
🇪🇦 #España
Este martes un autobús sufrió un aparatoso accidente en la localidad de Pineda de Mar, al norte de Barcelona.
Se reportaron 33 heridos de diversa consideración.📹 Bomberos de Catalunya #accidente #sucesos #pinedademar pic.twitter.com/D5JlTlJpWa
— Voz de la Diáspora (@VozDiasporaSV) July 16, 2024
Возачите се предупредени да ја избегнуваат областа бидејќи се очекува работата за отстранување на автобусот да трае неколку часа.
Градоначалничката на Тордера, Елизабет Мегиас, изјави за ТВЕ дека автобусот „се движел апсолутно нормално од Барселона до Тордера“.
На прашањето за причината за несреќата, таа одговори дека „зборуваме за чуден настан, но се истражува“.
Three critically injured after bus accident outside tunnel in Catalonia. #SpainInEnglish https://t.co/PdnV7pPGyW
— Spain in English (@SpainMMG) July 16, 2024
Се чини дека автобусот се излизгал од патот, удрил во работ на тунелот и се превртел. Според досегашните информации, во несреќата не учествувало друго возило.
11 ferits greus i 3 de crítics en l'aparatós accident d'un autocar a la C-32 a Pineda de Mar, al Maresme. Els Mossos investiguen les causes del sinistrehttps://t.co/PhN8HE2RVO pic.twitter.com/i93jD4VWox
— Catalunya Informació (@Catinformacio) July 16, 2024