Словенечката полиција околу 5 часот нашла дете со ранец на автопатот меѓу клучките Требње и Мирна Печ, јавува РТВ Словенија.
Како што информираат од Полициската управа Ново Место, нешто по 5 часот возач на приватен автомобил ги известил дека забележал дете кое се движело по автопатот. Веднаш реагирале полициските службеници од Требње кои возеле по трасата меѓу клучката Требње и Мирна Печи и забележале дете со ранец како се движело покрај главниот пат.
Го однеле во станица, каде што слушнале објаснување зошто момчето тргнало на ова патување. Тој објаснил дека во раните утрински часови донел одлука максимално да го искористи денот за одмор и да замине од Требње пеш за да посети другар во Ново Место.
Според полицијата, неговите родители не знаеле ништо за неговиот обид да пешачи до Ново Место, а уште помалку дека тој го избрал автопатот за пешачење.
Неговите родители не забележале дека тој ја напуштил куќата
Тие го известиле загрижениот татко, кој веднаш дошол во станица и рекол дека спиел и не ни знаел дека момчето излегло од дома.
– Се е добро што добро завршува. Полицијата сака да му се заблагодари и на внимателниот возач кој не информираше за однесувањето на детето и помогна инцидентот безбедно да заврши – соопштија од полицијата.