Во петокот, на 12 јули, 32-годишен маж го нарушил јавниот ред и мир во популарното хрватско место Водице на Јадранското море, додека држел нож во раката. Потоа украл мотор и се упатил кон плажата во Трибуњ.

Во Трибуњ некој го пријавил мажот во полиција, четворица полицајци го нашле во морето и без значителна мака и напор (го испрскале и со иритирачки спреј) го донеле на брегот и го привеле.