Пукање се случило вечерва во скопски Чаир, а според првичните информации има и ранети.

Веста ја објави ТВ 21, а според информациите на „Фокус“ пукањето се случило за време на помирувањето на две криминални семејства.

Ранетиот, според нашите информации кои не се потврдени, е син на сопственик на чајџилница во трговскиот центар „Чаирчанка“. Пукачот, пак според наши информации е од скопско Сингелиќ.

Засега нема никаква официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.