Полски нуркач загина во средата додека нуркал во Рабац, извести во четвртокот истарската полиција која ги утврдува околностите за смртта на полски државјанин.
Во средата околу 16 часот и 45 минути во лабинската полиција било пријавено дека на плажата во Рабац загинал нуркач. Полициски службеници извршиле увид на местото на несреќата и утврдиле дека 27-годишен полски државјанин загинал додека нуркал на длабочина од околу осум метри.
Мажот бил извлечен од морето од капачи и починал по неуспешната реанимација. Наредена е обдукција на телото на починатиот, а полициски службеници продолжуваат со утврдување на околностите на инцидентот.
Неофицијално се дознава дека младиот Полјак немал големо искуство во нуркање, но дека во моментот на несреќата бил во друштво со пријател кој е искусен нуркач. Изнајмиле опрема во локалниот нуркачки центар, нуркале, а на младиот Полјак во еден момент му се слошило.