Во пожарот што избувна во раните вечерни часови на просторот меѓу Шегет Врањица и Медена кај Трогир во Хрватска, ангажирани се сите расположливи противпожарни сили од тој дел на Далмација, бидејќи огнената стихија им се заканува и на куќи.

„Загрозени се и куќи, а во гаснењето учествуваа и три канадери“, изјавија Хина од ДВД Трогир. Во гаснењето на овој пожар, во кој гори борова шума, ангажирани се сите расположливи противпожарни сили од Трогир до Омиш, известија од Сплитскиот противпожарен оперативен центар.

Како што јавуваат хрватските медиуми, туристите го напуштаат хотелскиот комплекс Медена поради пожарот.

Пристигнаа фотографии од туристи кои го напуштаат хотелскиот комплекс Медена поради пожарот.