Невидена трагедија се случи вчера во селото Речица кај Кладово, во која свадбената веселба се претвори во погребна поворка, пишуваат српските медиуми.
Саша Слатинашевиќ (43) починал вчера од алергиска реакција на убод од пчела додека поставувал шатор во дворот каде што ќе се одржувала моминската вечер на неговата внука.
Саша дошол од Виена, каде живее со семејството, за да присуствува на свадбената веселба, која требало да трае три дена.
– Тага до небо… Саша го постави шаторот, сите беа весели, среќно, синоќа под тој шатор требаше да се одржи моминската вечер на неговата сакана внука. Во еден момент Саша свикал и истресол пчела од влечката. Веднаш му се слошило, палецот му отекол, му станало мачнина, останал без здив, а додека стигнала брзата помош се било готово… Зад себе ја оставил сопругата, осумгодишниот син, па дури и уште помалата ќерка… Беше прекрасен човек, домаќин, родител, сакаше да купи куќа во селото, имаше планови… ова е трагедија која никој не ја памети – велат роднините.
Наместо свадбена веселба, денеска беше погреб. Многубројните роднини и пријатели кои дојдоа од странство да ја прослават среќата на младенците како свадбари, денеска во тажна погребна поворка го испратија Саша на вечно почивање.