Медицинска сестра вработена на аеродромот во Подгорица спасила живот на патник на аеродромот во Подгорица.
– Снежа Магоч, стјуардеса (медицинска сестра) на аеродромот во Подгорица, денеска три пати оживуваше момче, чие срце престана да чука кога се симна од авионот на Ер Монтенегро од Истанбул, додека не дојде брзата помош – напиша поранешната советничка на директорот на црногорскиот аеродром, Билјана Кнежевиќ на платформа Х.
– Нашиот херој Снежа! Издржи момче, истакна Кнежевиќ.
Според некои патници станува збор за турски државјанин кој во Подгорица допатувал од Истанбул.