Едно лице загина, а 17 се повредени во сообраќајна несреќа на повеќе возила на автопатот меѓу Падова и Венеција во Италија.

Поради несреќата автопатот бил затворен до 16 часот, а коловозните ленти постепено се отвораат, пренесува весникот „Кориере дел Венето“.

Во судaрот учествувале осум возила, а точната причина за несреќата допрва ќе се утврдува.

Патот за Трст беше отворен, додека патот кон Милано беше делумно блокиран, а колоните возила достигнаа и до 10 километри.