Едногодишно дете е тешко повредено синоќа околу 20 часот во забавен парк во Нови Пазар, Србија.
Инцидентот се случил кога 14-годишно девојче се спуштало по зип линија, додека едногодишно дете и неговата тетка биле под жицата.
За жал, во судирот меѓу девојчето и момчето тешко е повредено малото момче.
Веднаш по инцидентот момчето итно било пренесено во Општата болница во Нови Пазар каде моментално е во кома.
Брза помош и полиција брзо пристигнале на местото на настанот и почнале увид за утврдување на точните околности на несреќата.