Четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа во Грција. Двајца мажи, бебе и девојче (13) загинаа во судир на камион и три автомобили во Грција.

Несреќата се случила околу пладне кога возачот (39) на камионот, кој се движел кон Кипарисија, на автопатот Пиргош – Кипарисија, по свиок од непозната причина изгубил контрола и налетал на спротивната коловозна лента, удрил во три автомобили, на се целосно оштетени.

Во еден од автомобилите загинале татко (38) и неговото бебе (1), а неговата сопруга (38) и синот (6) се тешко повредени и пренесени во болницата во Патрас. Во другото возило, кое било заглавено под камионот, биле татко (50) и ќерка (13), кои починале на лице место.

Во судирот повредени се и млад човек (25) кој бил интубиран во Каламата, возачот на камионот и уште еден маж (61) исто така се хоспитализирани.