Десет лица, меѓу кои и деца, загинаа во саботата кога ракета од Либан падна на фудбалско игралиште во село на Голанската висорамнина.
Израелските безбедносни служби јавија денес дека во ракетен напад од Либан на окупираната Голанска висорамнина, на северот на Израел, загинале девет лица, додека 34 се ранети.
Девет луѓе загинаа во нападот на Маџдал Шамс, кажа Ели Бин, генералниот директор на Маген Давид Адом, израелскиот еквивалент на Црвениот крст. Тој додаде дека 34 луѓе се ранети, од кои 17 во критична состојба, а дека 10 од нив се деца.
Либанската милитантна група Хезболах претходно денес соопшти дека возвратила на израелски воздушни напади на јужен Либан во кои загинале тројца нејзини припадници, со ракетни напади на Голанската висорамнина која е под контрола на Израел.
BREAKING: THE ‘ATTACK’ ON ISRAEL WAS AN IRON DOME INTERCEPTOR MISSILE FAILURE
Some within Israeli media are claiming that it was an iron dome interceptor and not even from south Lebanon.
The interceptor was fired to stop Hezbollah’s rockets at northern occupied Golan it failed… pic.twitter.com/NUJg7X6ozP
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) July 27, 2024
Хезболах кажа дека во тој напад се повредени повеќе од 10 лица, пренесува Асошиејтед прес.
Израел ја зазема Голанската висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967, а ја анектираше во 1981 година.
Израел и Хезболах речиси секојдневно разменуваат оган откако почна војната во Газа по упадот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври.
🚨#BREAKING: Footage of a rocket hitting the Druze village of Majdal Shams in the Golan Heights, Northern Israel from Lebanon.
local media is reporting at least 9 dead, and 30 injured. pic.twitter.com/W7TQeV9xi6
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) July 27, 2024
Од почетокот на октомври во израелски воздушни напади на Либан се убиени повеќе од 450 луѓе, главно припадници на Хезболах, но и околу 90 цивили. На израелска страна се убиени 21 војник и 13 цивили.