Деветнаесетгодишно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 6 часот на Батаховина во Дубровник, известија од полициската управа Дубровник-Неретва, пренесуваат хрватските медиуми.
Повредените лица се пренесени во дубровничката болница каде им била укажана лекарска помош. Сообраќајот е нормализиран во 08:30 часот по извршениот увид.
На фотографијата од местото на настанот се гледа дека предниот дел на автомобилот е речиси целосно уништен.
Едно седиште од автомобилот завршило на патот, но не се знае дали било исфрлено од силината на ударот или било отстрането од итните служби за да помогнат повредените да излезат надвор.