Ќерката на српскиот политичар и поранешен министер за економија Саша Радуловиќ, Ана Радуловиќ, ненадејно почина на 27-годишна возраст.
Семејството, таткото Саша, мајката Тања и братот Андреј, со трогателни зборови се простија од Ана.
– Нашата блескава Ана, нашата сакана ќерка и сестра, нашата љубов, нашата светлина, нашата гордост, нашата среќа, нашата радост, нашата душа, нашата Ана, го напушти овој свет на 25 јули 2024 година, ненадејно, без најава. Но, тaa ќе остане засекогаш со нас, во нас, во нашите животи. Животот го живееше максимално, со широка насмевка, полна со живот, дух и радост. Чувствуваше, примаше, даваше и зрачеше со љубов и благородност кон сите околу неа. Засекогаш ќе ја чуваме во нашите срца, мисли и соништа – пишува во потресниот некролог што семејството и го подари на младата Ана.
Собирот за последното збогување започнува во вторник на 30 јули во 11:30 часот на Новите гробишта во Белград, во големата сала на капелата.
Магистрирала молекуларна биологија
Ана, инаку, магистрирала молекуларна биологија. Нејзиниот татко Саша Радуловиќ беше министер во српската влада, политичар и претседател на здружението „Доста е“.
Тој беше министер за економија од септември 2013 до јануари 2014 година, кога поднесе оставка, а потоа го формираше здружението „Доста е“, по што првпат се кандидираше на претседателските избори.