Татко и син од Хрватска вчера доцна попладне завршиле во болница откако биле нападнати од десетина странски државјани кои чекале на ред да ја преминат границата на граничниот премин Карасовиќи (Црна Гора).

Таткото и синот го заобиколиле километарскиот сообраќаен метеж за побрзо да стигнат до својот дом.

„Кога ги видоа како возат по другата лента, беа запрени од оние кои чекаа да излезат од Хрватска, претпоставувам дека мислеа дека сакаат преку ред да ја поминат границата. Се обидоа да им објаснат дека не одат на граница, но ги нападнале десеттина лица кои ги претепале, тројца се приведени, а брзата помош ги однела Хрватите во болница“, вели еден од соговорниците за Дубровачки весник.

Дека инцидентот се случил потврди и градоначалникот на Конавле, Божо Ласиќ.

„Ги познавам и двајцата и гарантирам дека тие не го предизвикале инцидентот. Сите во Конавле ги знаат, тие се угледни луѓе. Жал ми е што се случуваат вакви работи, но се плашам дека ова може да се повтори. Тоа е зошто испратив барање до надлежните служби до Г.П.Карасовиќ, треба да отворат повеќе излези кон Црна Гора и да се зајакне софтверскиот систем, за постапката за скенирање документи да оди многу побрзо“, вели Ласиќ.

Овој граничен премин, инаку, ги поврзува Хрватска и Црна Гора.