„Се обидуваме да ги локализираме пожарите на начин што ќе ги заштитиме сите населени места. Во текот на ноќта ќе се продолжи со обезбедување со тешка механизација на сите села што можат да бидат зафатени од пожарите“, вели директорот на ЦУК

Денеска гори цела Источна Македонија. Пожар се движи и кон градот Свети Николе. Се надеваме дека пожарот ќе го пресечеме доволно далеку од градот, со цел истиот да не дојде до објектите што се дел од предградието. Ова вечерва го изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, посочувајќи дека пожарите поради ветрот брзо да се шират, а зафатија околу 12 села, каде изгореа и многу куќи, дел од нив стари, но и нови.

„Се обидуваме да ги локализираме пожарите на начин што ќе ги заштитиме сите населени места. Во текот на ноќта ќе се продолжи со обезбедување со тешка механизација на сите села што можат да бидат зафатени од пожарите“, вели тој.

Линијата на пожарот од с.Немањци кон Свети Николе и Штип, гледано од височините на Богословец