Сообраќајна несреќа што попладнево се случи во скопската населба Автокоманда предизвика застој во сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“ околу раскрсницата со улицата „16-та Македонска бригада“ што води кон населбата Железара во Скопје.

Во сообраќајната несреќа едното од возилата од ударот е превртено на кров, а оштетени се и други два автомобили. Засега нема информации за повредни лица, а на местото на настанот излезена е полициска екипа која врши увид.