Поради тешка сообраќајна несреќа во целосен прекин е патот Гостивар-Стража, јавува репортер на ТВ21.vСпоред првичните информации, три автомобили се судриле и поради тоа патот е целосно блокиран.

На лице место присутна е полицијата, пожарна и брза помош.Во моментов нема информации каква е здравствената состојба на патниците кои се наоѓале во автомобилите.

Формирана е километарска колона поради несреќата.