Зак Ефрон заврши во болница во Шпанија. Во петокот, на 2 август, актерот престојувал во вила на Ибица кога имал помал инцидент на базенот, изјавил извор за магазинот People. Зак бил однесен во болница на преглед и пуштен во саботата наутро.
„Добро е“, потврди неговиот портпарол.
Page Six известува дека актерот наводно бил пронајден во базенот од персоналот кој го извлекол од водата. Се уште не е откриено што точно се случило.
Наводно двајца работници го пронашле актерот како „лебди“ во базен и го извлекле од базенот. Претставник на актерот го нарече само „ситен инцидент“.
Магазинот „People“ пренесува дека Ефрон бил пренесен во болница во петокот вечерта, и ја минал ноќта во болница. Медиумот пренесува дека имал несреќа откако се лизнал додека се шетал и незгодно паднал. Потоа морал да оди на операција и естетска корекција на вилицата.
Ефрон моментално е во Шпанија, а претходно беше во Париз каде беше виден на отворањето на Олимписките игри. Откако САД го освоија златниот медал во гимнастика, актерот им честиташе на социјалните мрежи.
„Горд на тебе Симон Билс“, напиша тој. Зак и Симон се сретнаа на Олимпијадата 2016 година во Рио де Жанеиро кога Билс рече дека таа и нејзините пријатели биле големи обожаватели на Зак.