Најмалку едно лице загина, а 25 се повредени во страшната автобуска несреќа што се случи денеска во италијанскиот град Арецо, кога автобус полн со патници излета и ја проби заштитната ограда.

Трагедијата се случила денеска околу 17 часот, на пат кон Фиренца. На лице место интервенирале противпожарни екипи и брза помош. Делницата од автопатот е затворена и пријавени се редици возила кои чекаат, додека повредените се пренесени во блиските болници.

Според првите информации, возачот на автобусот изгубил контрола и излетал од патот, при што налетал на предниот дел и ја пробил заштитната ограда.

Како што може да се види на фотографиите од местото на настанот, металната конструкција поминала низ целото возило.