Снимката од плажата во Александрија (Египет) ја шокираше јавноста поради нејзината пренатрупаност.
На видеото се гледа плажа со стотици чадори, но и многу луѓе и во водата и на самата плажа.
Исто така, поради пренатрупаност, песокот на плажата воопшто не се гледа, а чадорите се наредени еден до друг. Многу луѓе се во плитката вода покрај плажата.
Видеото има повеќе од три милиони прегледи, а корисниците на социјалните мрежи се шокирани од глетката.
Гужвата на оваа плажа во Александрија секоја година се зголемува, а во текот на летните месеци речиси е невозможно да се види како изгледа плажата без посетители.
@aymanismail618 #منوعات_تيك_توك #trending #tiktokindia ♬ Second Waltz – Elise MOY